Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2013 година активното население во Република Македонија брои 953 780 лица од кои вработени се 668 957, а 284 823 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57.0% стапката на вработеност е 40.0% додека стапката на невработеност е 29.9%.Лани во истиот период стапката на невработеност изнесувала 30,6 проценти. Најголем процент од невработените во Македонија се младите на возраст до 24 години – 53,5 отсто, од 25 до 49 години се 28,3 отсто и од 50 до 64 години се 24,8 проценти.
Вкупно 159.171 од невработените имаат средно образование, 68.534 основно, 40.183 високо образование. Со незавршено основно образование се 10.566 лица, со вишо образование 3.936 и без образование се 2.433 лица.
Бројот на невработени во државава во првиот квартал изнесува 284.823, од кои 61,4 отсто се мажи, а 38,6 отсто се жени.
Целиот извештај може да го погледнете на следниов линк
Fakulteti