Во Македонија има беснило – и во Скопје сомнителен случај


Официјално е потврдена веста дека во државата има беснило. Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека 35-годишен човек од скопската населба Радишани во понеделникот бил каснат од мачка за која е потврдено дека има беснило, пишува Нова тв.

Нему му е дадена задолжителна вакцина и се чувствува добро. Во истата населба се најдени уште 2-3 мачки за кој се претпоставува дека имаат беснило но Ветеринарната управа резултатите ќе ги објави штом ги добијат официјалните резултати.

dejan-runtevski„Веднаш се превземени мерки за заштита и вакцинирани се мачките и кучињата во населбата Радишани, а шинтерските служби започнаа со заловуње на животните“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Од Агенцијата апелираат до граѓаните да ги вакцинираат своите домашни миленичиња. Не е познато како мачката се заразила од оваа смртоносна болест која лесно се пренесува и на луѓето но, се претпоставува дека е од лисица. Ова е прв случај на беснило, последниот во државата бил забележан во 1978 година.

„Мораме да бидеме реалани – болеста е присутна меѓу нас. Болеста е многу опасна и смртоносна. Кај луѓето се развува 20 до 90 дена по каснувањето и се манифестира преку воспаление на мозокот, парализа, грчеви и страв од вода и воздух. Заболениот умира во тешки маки“, објасни Јованка Костовска од министерството за здравство.

macka besniloАпелот од Агенцијата е да се избегнува контакт со било какави кучиња и мачки скитници и да се пријави секој сомнителен случај. 

Здружението за заштита на правата на животните Анима Мунди остро реагира на тврдењата на надлежните дека се јавило беснило кај мачките и прашуваат како е можно за само два дена да се утврди постоење на беснило. Бараат од Факултетот за Ветеринарна медицина, Ветеринарниот Институт, Агенцијата за храна и ветеринарство да излезат јавно и да ги демантираат произволните тврдења.
Во Македонија нема референтна лабораторија која што може да го потврди ова, а ААПЖ располага со тврдења дека досега не е откриен ниту еден случај на беснило! Сите тие испитувања се вршат во Лондон, односно таму е лоцирана лабораторијата каде што се вади крв, серум и се праќа примерокот. Тоа е процедура за која е потребно време, па оттаму нејасно е кога нашите надлежни институции за само два дена утврдиле постоење на беснило?!, велат од Анима Мунди

Повеќе информации на – besnilo.gov.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1