Во Македонија се јаде сомнително пилешко од Бразил – а сме го извезувале и во Србија


Пилешко месо со сомнително потекло увезено од Бразил се продава во Македонија. Оваа живина во Бразил се храни со генетски модифицирана соја и самото месо е опасно за употреба, велат експерти од Србија.

324140_pilici01reutersfoto-laszlo-balogh_fСрпските новинари се заинтересирале за оваа проблематика и за македонското месо откако се појавила информацијата дека Србија годишно увезува огромни количини на живинско месо од Македонија за кое постои сомневање дека не е по потекло од Македонија туку од Бразил.

,, Македонија може да си го увезува тоа месо, но не смее потоа да го извезува како свое,, велат експерти за српски Блиц.

Од нивната агенција PKS предупредиле дека месото и преработките кои се увезуваат од Македонија треба да се контролираат ригорозно.

,,Македонија едвај го крпи својот пазар со живинита која ја има – како тогаш и остануваат толкави количини за извоз?, вели Мирослав Благојевиќ од PKS кој тврди дека македонските пилиња се всушност бразилски, ранети со ГМО соја, пишува Блиц.

Србија лани увезла 1.1 милион пилиња и огромна количина месо и преработки од живина. Во Македонија никој нема информација дали пилињата се домашни или пак увезени од сомнително потекло.

Извор – Блиц.рс 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1