Во Њујорк поставени јавни кабини за мастурбација


Машките жители на Њујорк од неодамна добија можности за „опуштање“ на јавно место.

Имено, компанијата „Хот Октопус“ на неколку локации во Менхетн постави кабини наречени „ГајФај“, каде мажите имаат можност за приватност и за намалување на стресот преку мастурбација.masturbacija-kabina

Кабините се всушност преуредени телефонски говорници во кои е поставено столче и преносен компјутер со брз интернет.

Иако самозадовлувањето на јавно место е кривично дело во Њујорк, компанијата „Хот Октопус“ соопшти дека уште на првиот ден од поставувањето, кабините „ГајФај“ ги посетиле околу сто мажи.

Компанијата најави дека накоро планира да ја прошири својата дејност со „кабините за опуштање“ и во други градови во САД и во Европа.

Идејата за поставувањето на овие кабини потекнала од едно истражување кое покажало дека дури 39 проценти од мажите во Њујорк се самозадоволувале на работните места.

– Сакавме оваа навика да ја пренесеми од работните на некое посодветно место, каде на вработените мажи од Менхетен ќе им овозможиме приватност и брза интерент врска, изјави претставник на компанијата за „Мешабл“.

Многумина сепак оценуваат дека не станува збор за вистински кабини за самозадоволување кој ќе функционираат на подолг рок, туку за маркетиншки трик на компанијата „Хот Октопус“, која се занимава со продажба на сексуални помагала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1