Работодавачите што објавуваат оглас за вработување мора да ја назначат основната плата и работното време. Ако не го сторат тоа нема да можат да го пријават работникот во Агенција за вработување, пишува Вест.
Ова е дел од последните измени на Законот за работни односи кои стапија на сила на 19 февруари. Сепак, пишува весникот, минатата недела беа објавени огласи без назначена плата и работно време.
„Веројатно се работи за неинформираност на фимрите за што ќе реагира Трудовиот инспекторат со укажување“, вели Давор Политов, портпарол на Министертсвто за труд и социјална политика. Тој вели дека овие огласи ќе треба да бидат објаевни уште еднаш или ќе се сметаат за невалидни.
Новите правила се воведени затоа што луѓето имаат право да знаат под кои услови ќе работат уште пред да аплицираат за определено работно место, пишува Вест.
Vest