Во ОХИС има жива што може да ја умртви цела Европа


Во темпираната хемиска бомба „ОХИС“ има околу осум тони жива, кои десет години се оставени да течат насекаде по погонот за електролиза, да испаруваат во воздухот и да понираат во почвата и во подземните води. Овој метал во течна состојба предизвикува несогледиви последици врз здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина, пишува „Слободен печат“.

Според документ до кој дојде „Слободен печат“, за време на производството во фабриката во околината биле ослободени вкупно 400 тони жива, поради што денес е контаминирана пошироката област од 6.200 квадратни метри. Подземните води околу погонот за електролиза се загадени 20 пати над соодветната холандска интервентна вредност, а максималните дози во почвата се дури 98 пати над интервентната граница! Се претпоставува дека по затворањето на фабриката, во погонот за електролиза останале околу 8 тони жива и сè уште се таму, а системот во кој се чувал течниот метал не само што не бил херметички затворен, туку капе наоколу.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1