Во Охрид имало цунами – удрил некаде кај Пештани


Крајбрежјето на Охридско Езеро некогаш било погодено од цунами, односно бранот удрил кај Лин во Албанија и кај Пештани, вели Бернд Вагнер, раководител на проектот за утврдување на староста на езерото.

most ohrid

– Веќе е извршено дупчење на длабочина од 104 метри и утврдена е старост до 150.000 години. Целта е да ја утврдиме целосната старост на Охридското Езеро за која претпоставуваме дека изнесува околу 2 милиони години, но исто така да ги истражиме еволутивните процеси, бидејќи Охридското Езеро има најголем број ендемски видови од сите природни езера во светот.

Имаме сознанија дека во минатото делови од крајбрежјето кај Лин од едната и Пештани од другата страна биле погодени од мало цунами – вели на презентацијата на проектот Бернд Вагнер, раководител на проектот кој го носи работното име „SCOPSCCO“.

Се очекува сите овие наоди да бидат наскоро и научно потврдени

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1