Во Охрид нема игла каде да падне – преполн со туристи, кон градот се вози во колона


Туристичкиот шпиц во Охрид викендов доживува кулминација. Градот е преполн со гости од земјава и странство. Во чаршијата луѓето едвај се разминуваат.

На плажите буквално нема каде игла да падне. Полно е и на брегот и во вода, каде рекреативците бараат спас од горештините.gradiste_koli

Кон и од плажите се патува бавно и во колони. Сообраќаен метеж има и во центарот на градот.

Раздвижено е и во стариот дел на градот каде бројни се групите туристи кои одат во разглед на културно историските знаменитости.

Туристичките работници се надеваат дека шпицот на сезоната ќе потрае и дека ова лето Охрид ќе има рекордна посетеност. Сепак, покрај убавите работи, има и пропусти кои се провлекуваат подолг период. Покрај слабата инфраструктура и хроничниот недостаток на паркинг, сериозен проблем претставува  бучавата во градот во вечерните часови, на што најмногу се жалат гостите, но и охриѓани.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1