Во оваа земја НЕМА криминал


Пред неколку години Лихтенштајн донесе правилник за однесувањето на доселениците. Во него се наведува дека е препорачливо да се биде многу тивок во официјалното време за ручек – од 12 до 13:30 часот.

Оваа мала земја, сместена меѓу Австрија и Швајцарија, крие бројни занимливости, а ние Ви ги претставуваме највпечатливите.lihtenstajn

* Во Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има само неколку затвореници. Секој кој е осуден на казна подолга од две години заминува во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку сигурни што повеќето дури и не ја заклучуваат влезната врата.

* Швајцарија во една прилика извршиал инвазија врз Лихтенштајн. Швајцарските војници (170) вооружени со пушки, но без куршуми, во текот на воена вежба случајно ја минале границата.

* Еднаш годишно сите жители се повикуваат на забава, поточно на пиво во градините од дворецот Вадуц.

* Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, во кој живеат 5.425 жители. Тоа е воедно и најголемиот град во оваа земја.

* Лихтенштајн е водечкиот светски производител на вештачки заби. Имено, компанијата „Ivoclar Vivadent“ е прва во светот во производство на вештачки вилици и навлаки, со вкупен удел на пазарот од 20 отсто.

* Пред пет години можевте да изнајмите цела држава за една ноќ. Имено, во соработка со сервисот Airbnb, понуден е простор за сместување на 150 гости, дегустација на вина со принцот и креирање персонализирана парична валута, од привремен карактер. Ова задоволство чинело 70.000 долари.

* Химната на Лихтенштајн „Oben am jungen Rhein” ја има сосема истата мелодија како химната на Велика Британија „God Save the Queen“

* Во Лихтенштајн официјален јазик е германскиот, но жителите главно не го зборуваат. Повеќето се служат со алеманското наречје, поинакво од стандардизираниот германски јазик.

* Се до 1984 година заради пропаѓањето на три референдуми, жените во Лихтенштајн не можеа да гласаат на избори. На референдум можеле да излезат само мажите, така што референдумот успеал дури од четвртиот обид, со 51,3 отсто од гласовите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1