Мојата сестра умре од рак – сега знам што никогаш не треба да им кажете на оние кои боледуваат од оваа болест


Постојат безброј начини да поддржите и да му помогнете на некој кој се бори со ракот, меѓутоа да му зборувате како да се лекува, не е еден од нив. Ова го знаат сите кои со некој близок оминале низ пеколот на лекувањето.

Ако сте религиозни и верувате во невозможното, не и зборувајте на личноста која ја води својата најтешка битка во животот дека е доволно само да верува. Тоа го мисли Стивен В. Трешер новинар и колумнист за Гардијан, Њујорк Тајмс и магазинот Ролинг Стоун. За „Гардијан“ пишувал за својата сестра, нејзината болест,лекувањето и за тоа како таа се борела и што заедно нашле на тој патот.chemotherapy_0

Во продолжение прочитајте ја неговата исповест.

Ако не сте религиозни, сеедно не зборувајте. Немојте на луѓето кои секое утро се будат во страв дека ќе умрат да им давате совети кои сте ги прочитале во весниците. На мојата покојна сестра Шерон роденден и беше пред две недели. Помина Велигден. Ова е втора година помината без неа, а за празниците секогаш бевме заедно.

Мојата сестра Шером боледувашеод редок облик на рак на мекото ткиво. Беше болна повеќе од 15 години. Кога и да се соберевме за празник се прашувавме дали ова е нашето последно заедничко дружење. Кога таа се чувствуваше добро, ние имавме надеж. Цветавме како божури во пролет, тоа беше нејзиното омилено цвеќе.

Сето време додека таа беше болна слушав од луѓе кои се бореле со ракот, кои го победиле, кои не го победиле, од нивните семејства, пријатели, од сите кои ги сретнав, слушав што треба да правиме Шерон да се излечи.

Слушаше и таа.

Едни велеа хомеопатија, други конвенционална медицина, трети дека клучот е во верата, четврти дека треба веднаш да се насочи кон макробиотика и сирова храна, петти дека треба да пие сок од лимон бидејќи тој ги убива ќелиите на ракот, шести да направи нешто шесто.

Треба, направете, пробајте…

Секој од тие луѓе имаше совет и беше сигурен дека баш тоа треба да се примени, сега и веднаш. Слушајќи го сето тоа со години, мора да признаам, најтешко ми беше кога некој ќе ми кажеше дека клучот е во волјата. Ако доволно сака, сигурно ќе се излечи.

Ајде тука да застанеме.

Прво ниту една од наброените работи не се темели научно. Сокот од лимон е сок од лимон, а не некоја магија, а сировата храна никако не е лек. Ајде дури и настрана да го оставиме фактот дека на мојата сестра хемотерапијата, зрачењето и операцијата и го продолжија животот. И тоа неочекувано, вон сите прогнози. И дека почина и покрај тоа што работеше на својата духовност, што беше позитивна, што веруваше, внимаваше на исхраната.

Па чекајте, зарем навистина мислите дека некој кој е болен и на кого животот му виси на конец, кој се соочува со идејата за смрт на најлошиотможен начин, веќе не ги истражувал сите можности за лекување?

Зарем не сфаќате дека таа личност во болница слушнала за безброј можности, дека се определила за една и мора да верува во начинот за кој се определила. Дека таа личност мора очајнички да верува во нешто?

Затоа секој пат кога некоја личност мене или на неа и предложеше нов начин на лекување или супербрза метода која го убива ракот, се чувствував како таа личност да ми удрила шамар. Мојата сестра Шерон беше доктор на науки и лиценциран психолог. Се бореше како лав да го пронајде своето место и да стекне почитување во професијата. Не знам зошто луѓето мислеа дека на некој кому лекарите му се колеги треба да му кажуваат што прочитале во весниците. А тогаш сфатив. Луѓето едноставно не знаат поинаку. Со давање бесмислени совети се убедуваат себе си дека некако помогнале,барем малку.

А знаете што? Немојте преку болните и повредените луѓе да се соочувате со својот страв од смртта.

Конечно, давајќи совети на личноста која е болна, во страв и создавате чувство на грижа на совест, правите да чувствува вина, говорејќи и дека на тој, некој, нечин можела многу да направи за да се спаси, а не го прави тоа. И давате лажна надеж.

Тоа најдобро го објаснува и антропологот С.Локлан Џејн во книгата „Малигнитет: Како ракот станува дел од нас“.

-Огромна индустрија која се заснова на разни совети за самопомош на заболените од рак игра на картата на страв и чувство на вина. Таа им вели дека не направиле се што можеле. Така една жена со метастази на дебелото црево, кога веќе немаше надеж, рече: може доволно не се смеев, пишува во книгата.

Па така, да му зборувате на болниот што треба да прави, наместо да бидете со него во најтешките моменти, е потполно погрешно и нема никаква смисла. Навистина е тешко да се биде до некој кој ислеснува пред вашите очи, не е лесно да се соочите со тоа, да и гледате на смртта во очи. Но, тие се болни, не се глупави, затоа не им давајте глупави совети.

Сакајте ги, не ги сожалувајте, бидете искрени…Кога немате што да им кажете молчете, тоа го научив во последните денови со мојата сестра.

Тоа е застрашувачки, ужасно, бев со неа, знаев дека не можам ништо да направам за да ја спречам нејзината смрт, да го запрам она што ќе се случи.

Единствено тогаш можев да и дадам мир и љубов. Тоа и го направив.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1