Во најмалку 15 земји во светот мажите имаат законско право да им забранат на своите сопруги да се вработат, соопшти Светска банка.
Од 143 земји, кои се опфатени во извештајот, 15 од нив, меѓу кои се Иран, Сирија, Боливија и Габон, им даваат право на мажите да им забранат на своите сопруги да бараат работа и да придонесуваат во куќата.
Во 79 држави со закон е пропишано кои работи жените можат да ги извршуваат.
Во документот се додава и дека најголемите забрани кои се однесуваат на вработување на жената се забележани во Источна Европа и Централна Азија.