Со навреди и пцовки упатени за македонскиот народ, синоќа се протестираше во Приштина и Скадар каде што врв на протестот беше палењето на македонското знаме.
Демонстрантите воглавно навивачи на клубот „Приштина“ кои се солидаризираат со демонстрантите во Македонија најпрво својот револт сакале да го искажат пред амбасадата на Р.М. Но, полицијата не им дозволила да протестираат пред амбасадата и барикадите ги постаила десетина метри подолу со што бил спречен поголем инцидент.
„Скопје на Албанците“, „Али предавник“ „Скопје, Приштина не те остава само“,…се дел од паролите кои ги извикувале демонстрантите.
Со посредство на социјалните мрежи албанците од Косово се повикани в петок на 11 јули да се приклучат на масовните протести.