Во породилиштето ѝ кажале дека нејзините синови се мртви. По 21 година некој тропнал на вратата


Драгица Плауц (52) ја отвори вратата од нејзиниот дом во Дизелдорф. Две момчиња стојат неподвижно, без зборови. Таа не знае каде да гледа, па гледа де во едниот, де во другиот. Им ги пружа рацете, владее тишина, неверување… Илјада прашања без одговори. Никој не изустува ниту еден збор. Одеднаш, навалица на солзи, насмевки, воздишки и долгоочекуваната прегратка која е полна со емоции.

Не постојат зборови со кои би можела да се опише средбата на Драгица Плауц со близнаците за кои со цело срце верува дека се нејзини. Како што вели самата, надежта ја чува веќе 21 години, уште од моментот кога тие исчезнале од болницата во Тузла. Имено, Драгица на 5 август 1993 година родила две момчиња.

Како што ѝ рекле, децата морале да останат во инкубатор неколку часа. Таа никогаш повеќе не ги видела. Ѝ рекле дека се мртви. Агонијата на скршените родители траела секој ден. Иако со сопругот имаат уште три ќерки, нејзиното срце и понатаму жалело по загубените синови. Сега, по цели 21 години, веројатно ги пронајде. Како дошла до нив?

Драгица ги имала родните листови на момчињата. Иако ѝ рекле дека починале, таа никогаш не добила ниту еден документ кој го докажува тоаа, а ги немала видено и нивните тела. Во последните две децении, таа добила стотици информации за нив. Близнаците Зоран и Драган П. веќе со години живеат во Грац. Велат дека никогаш не почувствувале родителска љубов. Не се сеќаваат на детството и цел живот се чувствувале дека нешто не е во ред со нивното семејство.

До седмата година, тие живееле во мало место во близина на Тузла. Живееле кај наводните баба и дедо, а подоцна биле испратени кај наводната мајка во Австрија. Дури и документите им се чудни.izgubeni deca

– На едни пишува дека сме родени во 1991 година, на други во 1993. Дури ни се разликуваат и местата на раѓање. Од самиот почеток знаевме дека не му припаѓаме на тоа семејство – велат тие.

Вчера попладнето сите заедно отишле да дадат примероци од ДНК за да утврдат дали навистина се семејство и да се заврши агонијата.

– Останатато е лесно, само е потребно анализите да покажат дека таа ни е мајка. А сторителите ќе одговараат за нивното злодело кога-тогаш – велат близнаците.

Нивната наводна мајка Светлана П., се обиде да изврши самоубиство пред помалку од месец дена. Причината за тоа била изјавата на нивниот вујко, кој ѝ се јавил на телефон и ѝ рекол: „Оваа жена си ги бара синовите.“

Близнаците: Животот во Австрија беше тежок

Австриските медиуми пред скоро 3 недели ја објавија приказната за несреќата во Грац. Тогаш, Светлана П. Рипнала низ прозорецот, држејќи ја во рацете нејзината петгодишна ќерка.

Близнаците раскажаа дека животот со наводната мајка им бил тежок. Наводно, таа стравувала и од поранешниот маж. Но, се наметнува уште едно прашање: дали девојчето воопшто е нејзина ќерка? Имено, таа не може да има деца. Освен тоа, Светлана била скршена бидејќи ќеркичката Јасмина имала проблеми со срцето и морала да оди на неколку операции.

Сега за сега, тие се среќни што се заедно и ги очекуваат резултатите од ДНК анализата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1