Во пожар во Бангладеш загинаа повеќе од 120 лица


Бројот на жртви во пожарот кој избувна ноќта во текстилна фабрика во предградието Ашулија на Дака, главниот град на Бангладеш, се зголеми на 121 човек, соопшти началникот на противпожарната служба.

Огнот во зграда се расбеснил доцна вечерта во приземјето, молскавично брзо се проширил ставајќи во стапица стотици работници. По четиричасовна борба со пламенот, пожарникарите успеале да го стават под контрола пожарот.

„Утринава најдовме 12 мртви тела, а бројот на загинатите може да биде и поголем”, изјави началникот на противпожарната служба на Дака, Абу Најим Мохамед Шахидулах, пренесува Reuters.

Причината е засега е непозната, локалните медиуми напомнуваат дека многу фабрики за текстил се опремени со дотраени и оштетени електрични инсталации.

Во Бангладеш има над 4.500 фабрики за текстил коишто изработуваат облека за светските брендови како Tesco, Wal-Mart, JC Penney, H6M, Marks&Spencer, Kohl’s и Carrefou

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1