Во пожар во Чаир изгоре стан


Стан изгоре во пожар во Чаир. Три противпожарни возила учествувале во гаснењето на пожарот и едно специјално возило со скали.Pozar500

Денеска околку пладне избувна голем пожар во населбата Чаир во кој целосно изгоре стан. Причините не се познати, но според сведоштвото на жената која сама била дома најверојано се случила мала експлозија на дел од инсталацијата во една од собите, објави Телма.

Таа со помош на соседите излезе пред зградата, а во тоа време беше повикан и нејзниот сопруг кој беше во близина. Во гаснењето на пожарот учествуваа три против пожарни возила и специјално возило со скали. На самото место пристигна и екипа на итната медицинска помош која освен покачен крвен притисок и вознемиреност кај сопружниците не требаше дополнително да интервенира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1