Поради штрајк на грчките царински служби, ќе биде во прекин сообраќајот за секаков вид преминување на државната граница меѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци.
Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред:
ГП Богородица од 6 часот утре до 6 часот на 20.10.2017,
ГП Меџитлија од 6.30 часот утре до 6.30 часот на 20.10.2017,
ГП Стар Дојран утре од 5 часот до 23 часот.