Во прекин сообраќајот на патот Кочани – Делчево, одрони на неколку патни правци


На патниот правец Кочани – Делчево сообраќајот е во прекин поради одрон со голема количина материјал. Авто мото сојузот на Македонија информира дека се работи на расчистување на патот, а како алтернатива возачите може да го користат патот Виница – Смојмирово – Делчево.karpa pat odron

Од 17 часот вчера во прекин е и патот од селото Долни Полог – Облешево пред Кочанска река поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Според АМСМ, одрони има на патот Берово – Виница и таму сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, а на Виничката раскрсница меѓу селата Истибања и Калиманци сообраќајот е блокиран во двата правца и се пренасочува преку Виница.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб дожд врне во Крива Паланка,Страцин и Смојмирово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1