Во пукањето кај Тренд повредено 18 год момче, случаен минувач – потврди МВР


Случаен минувач бил ранет синоќа околу 1 часот во пукање што се случило во центарот на Скопје на улицата кајшто се наоѓа кафе барот „Тренд“, потврдуваат од МВР.

polocoja trend pukanjeСпоред првичните информации, настанала тепачка меѓу две групи, при што еден од учесниците извадил пиштол и пукал.

Во пукањето рането е 18-годишно момче А.З. од скопско Ново Село во пределот на ногата, кое поминувало таму. Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар.

Извршен е увид на лице место, при што се пронајдени две чаури од огнено оружје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема приведени за инцидентот.

Макфакс

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1