Во сабота се отвора базенот во Аеродром


Реконструирање и санирање на коритото на базенот, реновирање на тоалетите, градење на нов угостителски објект, креирање на ареи за различни таргет групи, летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, аквабик, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите, се само дел од содржините кои ќе ги понуди новиот концесионер на отворениот базен во Општина Аеродром.

bazen3-520x390Покрај пливачките летни школи, трето доба посетители, аквабик групи, натпревари во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година реши да стави голем акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.

Отворената сезона на базенот планирано е да трае до крајот на месец септември. Базенот ќе работи секој ден, со работно време од 08:00 до 01:00 часот. Целата програма на работење наскоро ќе можете да ја погледнете на сајтот на базенот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1