Овој поларен бран на студ, незабележан последните дваесет години, проследен со обилни врнежи од снег и замрзнат дожд, предизвика и повеќе од десет смртни случаи за помалку од една седмица.
Големиот студ, кој прво го зафати северот на САД и Канада, наближува кон Средниот запад, а им се заканува дури и на областите коишто вообичаено се поштедени од големи зими, како што се сојузните држави Тексас и Алабама.
Во државата Охајо максимална дневна температура ќе биде под нулата Фаренхајтови степени (минус 18 Целзиусови). Во некои области од овој рамничарски регион и во централниот дел од Апалачскиот горен масив температурата ќе паден до минус 30 и минус 45 Целзиусови степени.
„Најниските температури во последните дваесет години, по арктичката судена маса, владеат во северниот и централниот дел од земјата. Со ветрови коишто дуваат повремено, температурите во некои области ќе се спушти и до минус 51 Целзиусов степен”, предупреди американската метеоролошка служба.
Рекордно ниски температури за последните две децении се почекуваат во повеќе сојузни држави во централните и северните области на САД како резултат на продорот на студениот арктички фронт, а откако во понеделникот температурата се спушти на минус 37, се очекуваат и температура којашто ќе се спушти до 51 Целзиусов степен под нулата.
Во зоолошката градина „Линколн“ во Чикаго, не се пуштаат надвор ни поларните мечки и пингвините, бидејќи е толку ладно што дури и ним би им било студено.