Во САД очекуваат минус 51 – Њујорк прогласи вонредна состојба (Фото)


Овој поларен бран на студ, незабележан последните дваесет години, проследен со обилни врнежи од снег и замрзнат дожд, предизвика и повеќе од десет смртни случаи за помалку од една седмица.

A man is silhouetted against the arctic sea smoke rising off Lake Michigan in ChicagoГолемиот студ, кој прво го зафати северот на САД и Канада, наближува кон Средниот запад, а им се заканува дури и на областите коишто вообичаено се поштедени од големи зими, како што се сојузните држави Тексас и Алабама.

Во државата Охајо максимална дневна температура ќе биде под нулата Фаренхајтови степени (минус 18 Целзиусови). Во некои области од овој рамничарски регион и во централниот дел од Апалачскиот горен масив температурата ќе паден до минус 30 и минус 45 Целзиусови степени.

sad-18--600x412„Најниските температури во последните дваесет години, по арктичката судена маса, владеат во северниот и централниот дел од земјата. Со ветрови коишто дуваат повремено, температурите во некои области ќе се спушти и до минус 51 Целзиусов степен”, предупреди американската метеоролошка служба.

Рекордно ниски температури за последните две децении се почекуваат во повеќе сојузни држави во централните и северните области на САД како резултат на продорот на студениот арктички фронт, а откако во понеделникот температурата се спушти на минус 37, се очекуваат и температура којашто ќе се спушти до 51 Целзиусов степен под нулата.

Њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо прогласи вонредна состојба во пресрет на огромната зимска бура предизвикана од „поларен вител“, која сега прави ‘ршум низ источниот дел од САД.
Man clears snow from his car in Indianapolis, Indiana
 Екстремно студениот воздух продолжува и денес да се шири на американскиот среден запад, јужните и источните делови на САД, како и во делови од источна Канада. Многу училишта и деловни објекти се затворени, а голем број авионски летови се откажани.

Во зоолошката градина „Линколн“ во Чикаго, не се пуштаат надвор ни поларните мечки и пингвините, бидејќи е толку ладно што дури и ним би им било студено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1