Довивката од 1,6 милијарди долари е највисока награда во историјатана САД, а по плаќањето данок и останати давачки, на добитникот ќе му останат чисти 913 милиони американски долари.
Службите на лотаријата од Јужна Каролина објавија дека во оваа држава е пронајдено ливче со сите шест точни броеви, а податоците од другите држави се уште се очекуваат.
Објавено е дека има и 15 играчи кои погодиле 5 броеви со што заработуваат секој по еден милион долари, а големите добивки привлекоа милиони играчи кои во долги редови чекаа да уплатат 2 долари за ливче и да си ја испробаат среќата.
Среќниот добитник може да одлучи дали веднаш сака да му бидат уплатени 913 милиони долари, износ со платен данок, или сака во рати распоредени на 29 години да го добие вкупниот износ од 1,6 милијадри долари.
Инаку, цела Америка е занесена во лотаријата по големата добивка од 543 милиони долари кои во јули ги освои еден среќен добитник.
Лотаријата Мега милионс е покрената во 2002 година и се игра во 44 држави. Правилата на играта се неколкупати менувани, па сега теоретски е можно да се освојат енормни износи, а шансите за освојување се намалени.
Најголемата добивка досега на Мега милионс лотаријата е 656 милиони долари во 2012 година, а тројца среќни добитници од Канзас, Илионис и Мериленд го поделија тој износ.