Во салата Работнички се грееле со греалки – се запалил кабелот


За среќа, нема голема огнена стихија, ниту човечки жртви во пожарот кои пред малку ги зафатил горните простории на салата работнички во градскиот парк.

rabotnicki sala

Реагирале навреме противпожарните екипи и тоа на повик токму на луѓето од канцелариите. На вториот кат од салата „Градски парк“ се сместени неколку спортски федерации, а бидејќи има проблеми со греењето, сите се снаоѓаат како знаат и умеат.
Најверојатно од овие причини, во една од канцелариите се запалил кабел, по што веднаш била побарана интервенција од противпожарните служби.
Сето ова само го актуелизира прашањето кое одамна виси во воздух, дали е безбедна за користење и за одигрување на спортски натпревари, дотраената спортска сала „Градски парк“.
Претседателот на КК Работнички, Зоран Шишковски, за ЕКИПА вели дека состојбата не е воопшто драматична, дека се појавил чад во една од кaнцелариите на катот, а од безбедносни причини биле повикани противпожарни возила.
„Не станува збор за поголема штета. Благовремено се повикани противпожарни служби и спреченo е да дојде до несреќа од поголеми размери. Се запалил кабел во една од канцелариите на катот, а среќна околност е што тоа било навреме забележано и следела интервенција на противпожарната бригада“, изјави Шишковски за ЕКИПА.
Екипа.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1