Во Северна Кореја забранети се свадбите и погребите пред конгресот на владејачата Корејска работничка партија, што ќе се одржи на 6. мај.
Во Северна Кореја се воведени зголемени безбедносни мерки, интензивирано набљудување на границата со Кина и на движењето на граѓаните, а ограничено е влегувањето во Пјонгјанг.
Покрај тоа на граѓаните им се забрануваат организирање на свадби и погреби, во кои учествуваат голем број луѓе.
Мерките се преземени со цел да се спречат инциденти, кои би наштетиле на претстојниот партиски конгрес и негативно би се одразиле на земјата.