Во Сирија бил мачител, а сега спие под ист покрив со своите жртви


Слугите на сирискиот режим, одговорни за масовни мачења и убиства по власта на Асад во Сирија, сега бегаат заедно со останатите бегалци кон Европа. Неретко се случува во прифатните центри да се најдат под ист покрив со своите жртви.

Хусеин В. воопшто не личи на човек кој апсел, тепал и мачел стотици луѓе без причина. Со негуваната кратка брада, во фармерки и џемпер делува сосема нормално. Единствено скапите кожени чевли не се вклопуваат во сликата на сириските бегалци со кои неодамна побегнал од граѓанската војна. Тој преку балканската рута стигнал до Минхен, а потоа до Амстердам.isis-flag-imigrants.jpg500
Денес живее на петтиот спрат на домот за бегалци Флирбосдреф, недалеку од стадионот Арена, заедно со уште 70 луѓе. Сите се на истиот спрат, кревет до кревет. Овде нема пукање и бомби, но 32-годишниот маж не може да најде мир.

„Знаеме кој си, не можеш да се сокриеш“

„Шабиха, шабиха“, му довикуваат сограѓаните. „Знаеме кој си, не можеш да се сокриеш!“.

„Шабиха“ (духови) е име за слугите на сирискиот режим кои се одговорни за масовните апсења, мачења и убиства. Стотина од нив наводно, исто како и Хусеин, стигнале во Европа со реката на бегалци. Под маската на „невини жртви“ имаат намера да побараат азил за да се исчистат од крвавото минато.

Жртвите на неговите ужасни злодела сепак тоа одамна го сфатиле. На интернет кружат списоци со имињата на „шабиха“, описи на нивните злосторства и местото на кое престојуваат.migranti33
„Тие информации не се тајна“, вели британскиот режисер Бен Дејвис, кој се залага за сириските бегалци и кој отворил еден ваков веб сајт.

„Слугите на Асад позираат во униформи, со оружје, понекогаш и покрај мртви тела, и ги објавуваат сликите на интернет. Има и информации за нивното патување во Европа, каде има нивен прифатен центар“.

Ниту во случајот на Хусеин не било поразлично. На интернет можат да се видат негови фотографии на кои тој е во униформа и со воки-токи. Се јавувал и од патувањата во Турција и подалеку, во Грција.

Жртва која го сретнала својот мачител

Вилијам бил сосема шокиран кога го открил тоа. И тој како Хусеин потекнува од гратчето Салмија, во централна Сирија, и од мај живее во Германија како бегалец. „Не можев да поверувам, беше ужасно“, вели Вилијам.migranti-500

Токму Хусеин бил причината зошто 24-годишниот студент ја напуштил татковината.

„Морав да се соблечам гол и да легнам на подот. Ме полија со вода, а потоа следеа електричните шокови“, се сеќава тој.

Мачителите го тепале, го удирале со стапови и уринирале на него. Сето тоа се случило пред година дена, во главниот штаб на одбрамбените сили (НДФ), паравоена формација кон која Хусеин пристапил при формирањето во 2012 година.

Додека го мачеле, Вилијам секогаш носел превез, но препознал еден од нив по гласот – Хусеин.

Некогаш биле другари. Хусеин во Дамаск неколку пати имал преспиено кај Вилијам, додека тој студирал таму. А кога Вилијам го пуштиле на слобода после три дена мачење, Хусеин го викнал во канцеларијата.

„Кога му го слушнав гласот, се наежив. Беше присутен кога ме мачеа“, раскажува Вилијам.

Тој сега е на безбедно во Германија, но тие три дена не може да ги заборави. Сé уште има кошмари.

„Ме мачеа 10 дена, мојот брат цел месец“

„Апаратите за електрични шокови беа кинески, и ги парализираа жртвите повеќе минути“, вели Салим, кого Хусеин го уапсил во ноември 2012. „Мускулите ја откажуваат послушноста“.imigranti vrakjanje

И тој морал да се соблече гол, да легне на под и да биде полиен со вода. „Така струјните удари делуваат подобро“.

Салим го мачеле десет дена, а неговиот брат цел месец. Но, влијателните личности од градот на крај издејствувале да ги пуштат на слобода. При мачењето на нему и на неговиот брат им биле врзани очите, а под превезот познале еден човек, Хусеин.

Четириесетгодишниот Салим побегнал во Шведска и сака да се одмазди за претрпената неправда. „Не со смрт. Не, Хусеин треба да биде казнет пред суд за своите злосторства“, истакнува тој.

„Сите се лажговци!“

Хусеин пак, не е свесен дека било што згрешил, и ги отфрла сите обвиненија.

„Тие кои ме обвинуваат се исламски екстремисти“, вели тој самоуверено пред прифатниот дом за бегалци во Амстердам. „Сите тие се лажговци“, додава.

За фотографиите на кои е опкружен со други војници, вели: „Имавме лов на зајаци. Тоа е вообичаено во нашиот крај“.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1