Во скопската пајак-служба, автомобил пет години го чека својот сопственик


Во депото на пајак-службата има паркирано возило што неверојатни пет години чека сопственикот да си го земе. Но очигледно тој се откажал од тоа, а службата не смее да го фрли во отпад, пишува Нова Македонија.pajak-foto

– Возила што се останати повеќе од неколку месеци во нашето депо има три. Рекордер е едно возило што се наоѓа таму речиси пет години. Сите овие возила се подигнати како хаварисани,односно нивните сопственици се откажале од нив уште пред да бидат донесени во нашето депо. Ние немаме право да се ослободиме од автомобилот се додека сопственикот или корисникот на автомобилот не си го преземе, објаснуваат надлежните за весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1