Во Словенија првпат над 300 заразени, се најавуваат построги мерки


Рекордни 356 нови инфекции со коронавирус се потврдени во Словенија во последните 24 часа, објави словенечката влада.

Ова е скоро двојно повеќе од претходниот ден, кога беа потврдени 189 случаи.

Владата наведува дека од спроведените 3.998 тестови, 356 биле позитивни.

Премиерот Јанез Јанша во вторникот рече дека ситуацијата е многу сериозна и најави заострување на мерките.

Досега во земјата се потврдени 7.120 заразени со вирусот, а од компликации починаче 160 пациенти заразени со Ковид-19.

Јанша вчера најави дека е можно да се воведат построги мерки во земјата, нагласувајќи дека во овој момент, од епидемиолошка гледна точка, „ѓаволот ја однел шегата“.

Словенечкиот премиер истакна дека земјата е во средина на вториот бран на епидемијата и најави идни рестриктивни мерки за спречување на понатамошното ширење на вирусот, со што помалку ограничувања.

„Во справувањето со оваа криза, владата речиси го исцрпи списокот на оне мерки кои не се толку ограничувачки кон јавниот живот“, рече Јанша, додавајќи дека властите сепак ќе мора да преземат уште построги мерки доколку бројот на инфекции продолжи да расте.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1