Во сообраќајка кај Струмица загина 5 годишно дете


Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во 10:30 часот на регионалниот пат Дабиле – Петралинци во која животот го загуби 5-годишно дете. Возачот, Д.В (1978), кој е татко на починатото дете, е повреден, пренесува МИА.soobrakjajka 233

– Сообраќајна несреќа е пријавена во 10 часот и 30 минути. Во неа учествувало патничко моторно возило Опел Астра со струмички регистарски таблички кое излетало од коловозот. Во незгодата е починато лице родено 2011 година, а возилото го управувал неговиот татко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на несреќата веднаш пристигнала полициска екипа и јавен обвинител, а детето и таткото се префрлени во Општата болница Струмица, каде е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1