Поранешниот Формула 1 возач, Андреа Де Чезарис (55), првиот тимски колега на Михале Шумахер, го загуби животот во сообраќајна несреќа во Рим.
Де Чезарис четири години возеше во Фромула 1 шампионатот, во периодот од 1980-1994 година, тој стартуваше на 208 трки како возач на Алфа Ромео, Мекларен, Лижие, Минарди, Бребам, Ријал, Скудеро Италија, Џордан, Тирел и Заубер.
Во кариерата пет пати успеал да се искачи на победничкиот пиедестал, освоил 59 бодови, а имал една пол позиција и еден најбрз круг.
Најдобрите резултати ги постигнал во Алфа Ромео во 1983 година, кога на трките во Германија и Сан Марино ги освојувал вторите места.
Единствената пол позиција ја освоил во 1982 година на трката за Големата награда на САД и тогаш со 22 години и 308 дена бил најмладиот освојувач на пол позиција. Неговиот рекорд 12 години подоцна го собори Рубенс Барикело, а актуелен рекордер е Себастијан Фетел.