Ноќеска 30 минути пред полноќ непознати лица фрлиле молотов коктел на прозорецот на популарното модно студио Дадар на Илинденска во центарот на Скопје. Лицата кои сакале да подметнат пожар шишето со молотов коктел го фрлиле од задната страна на улицата најверојатно за да не бидат снимени од камерите поставени на предната страна на улицата каде што е модното студио, објави Либертас
Од фрлениот експлозив се запалила само рекламата а пожарникарите кои биле повикани веднаш интервенирале и пожарот воопшто не се проширил во салонот.
Не се точни информациите во некои портали дека студиото Дадар изгорело, велат од салонот за Либертас. Сопственикот, познатиот стилист Дадар не се сомнева во никој, никому ниту должи ниту пак се замерил и единствено мисли дека се работи можеби за пијани тинејџери кои го направиле тоа.
Полицијата извршила увид и утврдила дека се работи за обид за подметнување пожар во студиото. Дадар преку неговиот Фејсбук профил ги негираше информациите дека неговиот салон ноќеска изгорел туку дека настрадала само рекламата.