Во тајност променет рецептот за Нутела – Љубителите во шок


“Nutella” потврдила дека го променила рецептот на својот популарен чоколаден намаз, што, секако, не предизвикало позитивни реакции кај потрошувачите.

Произведувачот “Ferrero” признал дека ја прилагодил формулата откако се појавиле некои сомненија меѓу германските здруженија на потрошувачи, пишува Daily Mail.

Здружението за заштита на потрошувачите од Хамбург, објавило на својата страна на Фејсбук дека теглата со омилениот намаз од италијанскиот произведувач, сега содржи 8,7 проценти одбрано млеко, додека досега содржела 7,5.

“Квалитетот, како и сите останати карактеристики на кремот останаа исти”, рекле од компанијата. Додале дека станува збор за вообичаени промени кои редовно ги прават и други произведувачи.

Но, здружението на потрошувачи истакнува дека кремот е посветол поради промената на рецептот, и се сомнева дека тоа е направено на сметка на процентот на какао во Нутелата, кој “Ferrero” не е должен да го открие.

Корисниците на социјалните мрежи реагирале бурно на оваа вест. “Ferrero” го променил рецептот за Нутела – повеќе шеќери, помалку масти и веројатно помалку какао. Да не е Први април, се прашува една корисничка.

Друг напишал: “Само што слушнав дека Нутела го променила рецептот. Мислам, постојат работи во животот кои едноставно не смее да се прават. Ова е една од тие работи”.

Од компанијата велат дека е зголемен уделот на шеќерот, од 55,9 на 56,3 проценти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1