Во Тетово пукано кон три момчиња


Синоќа околу 00:15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово додека М.Д.(21),Б.А.(23),В.Ш.(23) и Р.Ш.(20) се движеле со возило, од спротивната страна на улицата се доближило друго возило и од истото излегло непознато лице и испукало неколку куршуми кон нив по што истите веднаш го напуштиле местото на настанот и случајот го пријавиле во ПС„Тетово“.

Soobrakajci-policija

Пријавителите во извршениот разговор посочиле едно осомничено лице кое би можело да биде сторител на кривичното дело.

Од страна на СВР-Тетово излезено е на лице место извршен е увид подигнат е предметен материјал и предаден за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1