Општина Центар нема избрано градоначалник во првиот круг. Мртвата трка помеѓу кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски и актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ најверојатно ќе се решава во вториот изборен круг.
Имено, според податоците кои досега ги има презентирано ДИК и обработените гласови, Жерновски се уште ги нема потребните гласови за победа во првиот круг.
За да се издвојува победа во првиот круг, потребно е еден од кандидатите да има повеќе од половина гласови од вкупниот број на гласачи кои излегле. Од досега обработените податоци, односно 90,91 отсто, вкупно гласале 25. 243 лица од кои 1.231 ливче се неважечки.
Жерновски има освоено 12, 433 гласови, одосно околу 200 помалку од потребните половина плус еден од вкупниот број кои гласале.