Во цигарите има повеќе никотин од претходно – тврди ново истражување


Количеството на никотин во цигарите од 1999 до 2011 година зголемено е за 15 проценти, покажува најновото американско истражување.

cigaraРезултатите објавени во списанието „Nicotine and Tobacco Research“ е засновано на податоците за четирите водечки производители на цигари во САД.

Експертите апелираат на построга регулација на количеството на никотин во цигарите, тврдејќи дека поголемата концентрација на никотин значително го отежнува престанокот на пушење.

Според достапните податоци во САД секој ден 3.800 тинејџери ја палат првата цигара, а илјада од нив стануваат зависни од никотинот.

Експертите укажуваат дека пушачите просечно живеат 13 години помалку од непушачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1