Во Црна Гора се продаваат и свидетелства за основно образование


Во Црна Гора за само два дена може да се добие свидетелство за завршено основно образование, објави весникот „Дневне новине“

Во едно основно училиште во градот Рожаје, во северозападниот дел на Црна Гора, за само 500 евра за два дена може да се завршат четири години образование.19092014202623_281930_diploma
– За само два дена завршив од петто до осмо одделение. Тоа училиште се наоѓа во Рожаје и таму имаше уште десетина ученици од Подгорица како мене. Потребно е да имам некакво образование за да најдам некоја работа, раскажува за весникот една млада жена, која побарала да остане анонимна, затоа што се плаши од последици.

Црна Гора не е исклучок во купување на фалсификувани дипломи за сите степени на образование, но за разлика од другите држави ваквите случи речиси никогаш не се откриваат, наведува „Дневне новине“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1