Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека Реките Вардар и Треска и годинава се забранети за капење поради тоа што загаденоста на водата е од висока 4та и 5та категорија- пренесува Здравство24.мк.
-Инспекторатот доставува решение до градоначалниците да постават табли со ознаки дека водата не е за капење, што е и направено, вели д-р Вера Менковска, раководител во Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравство24.мк.
Од друга страна водата во трите природни езера Охридското, Преспанското и Дојранското езеро е безбедна по здравјето на капачите, таа е од 1, а на некои места од 2 категорија, покажуваат резултатите од мострите за анализа кои Центрите за јавно здравје ги земале од повеќе локации на езерата.
-Во Охридското езеро се земени 118 мостри од 32 мерни места и водата е безбедна за капење бидејќи е од 1 и 2 категорија. ЦЈЗ Битола зема 96 мостри од Преспанското езеро и таму водата е безбедна, а ЦЈЗ Велес зеде 56 мостри од Дојранското езеро кои покажуваат дека водата е од 1 и 2 категорија на чистота, а на некои места е од 3-та но тоа не влијае врз здравјето на капачите, вели д-р Вера Менковска, раководител во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.