Во Венеција на туристите ќе им се наплатуваат влезници


Влезниците за туристите ќе чинат од 2,50 до 10 евра дневно во зависност од времето на посетата. Целта е да се намали бројот на туристите , кои го гушат градот , како и да се наполни градската каса.

Мерката беше усвоена во саботата и се предвидува до јули да се воведе ,,такса за истовар” , како што има на Липарските острови во Тиренското Море или на островот Лампедуза.

Данокот ќе се прибира од сите , без разлика дали ќе преспијат или не во Венеција , која годишно ја посетуваат и над 30 милиони туристи. Главна цел е да се наплати од оние туристи кои доаѓаат во градот на еден ден и не плаќаат туристичка такса.

Меѓу нив најборјни се туристите кои патуваат со крузери , од кои 600 000 годишно ја посетуваат Венеција. Авиопревозниците , како и превозниците со автобус ќе може во цената на чинење на превозот да го пресметуваат и данокот.

Според пресметките на градските власти , на овој начин би се собрале годишно и до 50 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1