Во војната се гледале преку нишан, а сега Ристо и Хасиб не можат еден без друг


Воениот инвалид од прва категорија Хасиб Салкановиќ му помага на на ветеранот Ристо Станковиќ, исто така инвалид. За време на војната во Босна и Херцеговина тие биле на спротивни страни. Хасиб бил војник во армијата на БиХ, а Ристо член на армијата на Република Српска, пишува „Радио Слободна Европа“.
По неодамнешното уривање на неговата куќа во селото Горња Лохиња во близина на Грачаница, Ристо Станковиќ одбил сместување, во некој од колективните центри, кое му го понудила локалата власт.

Прифатил привремено да живее во куќата на Хасиб Салкановиќ кој живеел на еден километар подалеку од неговиот уништен дом.

– Јас сум сто проценти инвалид, од прва група. Бев ранет во `рбетот. Ристо ми е другар, тој исто така е сто проценти инвалид, но од друга група. Тој има помала попреченост од мене. Ристо и јас се познаваме веќе 35 – 40 години. Му ја дадов викендицата да живее додека не направи куќа во која нормално може да се живее, – изјавил Хасиб, кој инвалидската количка ја користи 23 години.

Кога не е во викендицата Ристо времето го минувал кај старата куќа обидувајќи се да спаси се што може. Хасиб не може да му помогне физички, но затоа му помага на друг начин.

– Во текот на денот Хасиб доаѓа, затоа што он живее во соседното село. Ќе купи храна и ќе ми донесе, бидејќи овде нема продавница. Немам ниту електрична енергија, затоа што побарав да се исклучи додека не се расчисти се ова, – вели Ристо Станковиќ.

Пред почетокот на војната во Босна и Херцеговина, во Горња Лохиња живееле исклучиво луѓе од српска националност. Денес се вратиле само неколкумина кои може да се избројат на прсти на една рака.

Во продолжение погледнете како се живее денес во ова место…

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1