ВО ЖИВО: Ерупцијата на вулканот на Исланд (ВИДЕО)


Службата на цивилното воздухопловство на Исланд ги забрани сите летови во областа на вулканот вулканот Бардарбунга, на југот од земјата, по ерупцијата што се случи во текот на изминатата ноќ. Засега при ерупцијата не се исфрла пепел.

Овој вулкан на 26 август предизвика земјотерс со магнитуда од 5,7, најсилен од неговото  активирање на 16 август. Тогаш претставникот на Метеоролошката служба на Исланд, Теодор Хервасон, посочи дека сепак мала ерупција не е во состојба да ја стопи ледената кора.

Сеизмичките податоци покажуваат дека мразот под глечеротВатнајокул се топли поради лавата која излегува од вулканот . Овој глечер е најголем во Исланд.vulkan island

Според стручњаците за вулкани нејасно е кога или дали воопшто лавата ќе пробие низ мразот. Мразот на тоа место е дебел  од 100 до 400 метри, и ако дојде до тоа во воздухот ќе фрли врела пареа и тони пепел. Токму поради таа опасност подигнато е нивото на безбедност за цивилните авиони на највисоко ниво. Црвената тревога значи: „ Значајна емисија на пелел во атмосферата“.

Власите во Исланд го подигнаа нивото на предупредување во воздушниот сообраќај на највисоко црвено ниво поради активности на вулканот Бардарбунга, што значи дека до ерупција може да дојде наскоро или дека  веќе е во тек.

Минатата недела вулканот предизвикал илјада мали земјотреси, длабоко под исландскиот глечер Ватнајакул.

Пред четири години вулканот Ејафјадлајекидл во Исланд исфрлил облак од пепел кој предизвика хаос во воздушниот сообраќај, бидејќи најмалку 100.000 летови беа откажани. Тоа беше прва ерупција на овој вулкан по речиси 200 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1