Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се родил и кога умрел, но дедо Савко Арсовски кажува дека живеел во „бугарско време“, некаде меѓу двете светски војни, пред 90-тина години.
Пророштвата, вкупно 156, ги има собрано и запишано Стевче Доневски од Кратово, а порталот „Аберџија“ ексклузивно објавува дел од нив.
- 1. Железни кола ќе летат на небото (н.з. авиони и хеликоптери)
- Волови ќе се исколат, рала ќе се изгорат (ги најавил тракторите)
- Орли, чавки и соколи ќе измреат (овие птици се се поретки заради масовниот лов)
- Дрва и жито ќе се продаваат у торба (ја предвидел појавата на амбалажата)
- Срам ќе се изгубе (најавил времиња на неморал, порнографија, криминал)
- Светот ќе се гледа на стакло (предвидел појава на телевизија)
- Брат со брат ќе збори од еден крај на светот со друг крај на светот (телефонија)
- Македонија ќе се обедине (чекаме на остварување на ова пророштво, можеби кога ќе влеземе во ЕУ)
- Русокосо момче Македонец ќе изваде срце у леген и пак ќе га сошие у човек (хирургот Жан Митрев)
- Народ ќе иде у град радосан да живее, а ќе се враќа у село и ќе вика „мое мило вратиче“ (миграцијата во 70-тите и враќањето назад денес)
- Врата сама ќе ти се отвара кога ќе идеш да пазаруеш (модерните врати со сензори)
- Ќе дојде време пари да имаш, а леб да не можеш да купеш (недостиг на храна во блиска иднина)
- Од воденици ни камен нема да остане (појава на модерни млинови)
- Цоцев камен е шуплив откај реката и врата кога ќе се отвори, за Македонија ќе има доволно. Копачи нема да ја отворет, туку голема вода и ќе се открие што е оставил цар Македон (пророштво кое сеуште не е потврдено дека Цоцев Камен крие огромно богатство)
- Црквата светијованска во Коњу ќе биде прочуена, а моето име вечно ќе се спомнува
Аберџија.ком