Страсната врска на една украинска двојка заврши трагично откако жената загина, а нејзиниот партнер останал без нозе откако ги прегазил воз додека воделе љубов на железничка пруга. Инцидентот се случил вчера наутро во регионот на Запорожје, соопштува полицијата.
Жената загинала на лице место на пругата во близина на регионот на Запорожје. Името на жената и на нејзиното момче се уште не се откриваат бидејќи се води истрага која треба да покаже што точно се случувало.
Портпаролот на украинската полиција за Франс Прес изјавил дека двојката најверојатно била под дејство на алкохол.