Водици во Охрид: Мартин Гоџо го извади крстот од Охридското Езеро


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид каде што Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив.

Мартин Гоџо пак беше најсреќен на денешното Богојавление и успеа да го фати светиот крст во Охридското езеро.

Со ова традиционално положување на крстот, Мартин се стекна со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција.

Ова е третпат 29-годишниот Гоџо да го фати крстот, кој смета дека негов бил благодетот тој да биде најсреќниот денеска.

Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници учествуваа во овој свет чин, со молитва и надеж за духовно прочистување.

Честитки до Мартин Гоџо, кој и годинава успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води, порача претседателката од Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1