Водителката Анкица Стојановска роди близнаци


Водителката на ТВ Алфа Анкица Стојановска Митровска и нејзиниот сопруг Иван Митровски вчера добија благослов од Бога и нивното семејство стана побогато за два нови члена, ќеркичка и синче, близначиња. Мама Анкица се породи вчера, се чувствува одлично, исто како и малите бебиња. Среќната и горда мајка вчера за добредојде на своите најмили со пријателите го сподели следното:

ankicaДенеска добивме благослов. Добивме два непроценливи ангели, дојдени на овој свет да ни донесат нова надеж, нова љубов и да не потсетат дека животот е убав. Со Марко и Ива ќе имаме полни раце работа и преполни срца со неизмерна љубов. Ваква радост, љубов и среќа посакувам сите да почувствувате!!!

Анкица и Иван нека се живи и здрави Ива и Марко и само убавини и среќа да си исчекате со нив!

Извор: Вистина.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1