Водно ќе добие ски патека


Општина Карпош ќе почне да работи на нацрт урбанистичкиот план со кои до 2013 година водно ќе добие ски патека.

Според планираното патеката би требало да биде од десната страна на Милениумскиот крст во правец кон селото Нерези.

Градската администрација размислува за распишување на повик за избор на концесионер кој ќе ја изгради инфраструктурата и ќе ја инсталира потребната опрема, во замена за неколкугодишно собирање на приходите од продажбата на билети.

Локалните власти веќе ја спроведоа стручната презентација на планот кој го уредува просторот со површина од 180,07 хектари, а по завршувањето на рокот за писмени забелешки од заинтересираните лица, тој ќе се најде пред општинските советници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1