Воен инвалид се закани дека ќе се замозапали ако треба да враќа пари на МВР


Воениот инвалид, Митко Митевски, денеска пред Министерството за внатрешни работи се закани дека ќе се самозапали ако треба да ја враќа отштетата од 50.000 денари што ја земал од државата како повреден во падот на хелихоптер за време на воениот конфликт во земјава, на 17 март 2001 година на Попова Шапка, пишува А1он.

фото: А1 он

фото: А1 он

МВР бара од Митевски да ги врати парите по основ на противправно богатење со законска камата, а тој објаснува дека одлуката не ја донел тој, туку судот.

– Дали оваа држава е за некого мајка, а за некого маќеа. Затоа што на други колеги им ги сопреа тие тужби. Имаше колеги кои добија поголема оштета , за нив МВР не се жалеше воопшто. Ако треба да ја враќам, ќе дојдам тука, ќе се запалам и готово – изјави воениот инвалид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1