Воен обвинител и 46 високи офицери го предводеа пучот во Турција


Обидот за воен удар во Турција го изведоа воен обвинител и 46 високи офицери на турската Армија, објави утрово телевизијата Си-Ен-Ен Турк.3500-300x180

Според телевизијата, во Истанбул се идентификувани вкупно 104 учесници во воениот удар.

Набрзо по објавувањето на ваквата информација, Си-Ен-Ен Турк прекина со емитување на програмата, откако група војници упаднале во зградата на телевизијата.

Очевидци за западни медиуми пак изјавија дека наводно десетици турски војници кои учествувале во воениот удар почнале да им се предаваат на полицијците лојални на турската Влада, по судирите на истанбулскиот плоштад Таксим.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1