Ердоган се појави пред поддржувачите: Ниедна сила не е над волјата на народот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се појави пред бројните поддржувачи на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.2ca64f4af02f0badd60036bb2616d606-1

АФП јавува дека на аеродромот Ердоган го дочекале стотици лица. Турската ТВ Фокс во меѓувреме објави претходно снимена изјава од Ердоган во која вели дека е извршен обид за побуна против солидарноста и единството во земјата.

Ердоган додаде дека ниедна сила не е над волјата на народот, пренесе Ројтерс.

Исто така, Ердоган изјавил и дека одговорните за побуната ќе добијат неопходен одговор, од било која институција и да се.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1