Воениот камп во Дојран повторно ќе заживее


Воениот камп во Дојран повторно ќе заживее. Местото кое во минатото беше едно од најубавите на дојранското крајбрежје повторно ќе го добие стариот сјај. Иницијативата за реновирање на ова одмаралиште доаѓа од страна на началникот на генералштабот на АРМ , а истата поддршка доби и од локалната самоуправа. Градоначалникот на Дојран Борче Стамов вели дека идејата за обновување на кампот со задоволство ја прифатиле бидејќи сето ова се вклопува во програмата за комплетна ревитализација на Дојран.

voen kamp dojran,, Генералштабот, односно арнијата си го уредува кампот, уредува некои градежни работи на плажата, а од наша страна, од локалната самоуправа ќе интервенираме во поглед на чистење од трската и другите растенија во езерото, така што се надевам дека во многу брзо време че можеме и таа плажа да ја промовираме и да ја отвориме во соработка со Армијата на Република Македонија.,, вели Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран

Реновирањето на кампот и воената плажа треба да придонесат да се врати животот  и  во најкрајниот дел од дојранското крајбрежје, место кое некогаш беше едно од најатрактивните и најпосетуваните и во кое долги години не е инвестирано, велат од локалната самоуправа. Од таму додаваат дека нивна тенденција е почнувајќи од кампот па се до центарот повторно да се оспособи целиот потег покрај езерото со што туристите ќе добијат многу поубави и поуредени плажи, а со тоа и многу подобри услови за престој.

Sitel

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1