„Воинот на коњ“ ќе се преименува во „Александар Македонски“, ќе стои и табла дека е од античка Грција


Потпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција, рече дека ќе биде формирана комисија која ќе има шест месеци за да утврди кои споменици од античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја.

Комисија ќе изврши контрола на спомениците во рок од шест месеци, а дел од оние кои се наоѓаат во центарот на Скопје ќе добијат нов назив, како што на пример е „Воинот на коњ“ ќе биде поставена табла на која ќе пишува „Александар Македонски“ и ќе пишува дека припаѓа на хеленската (грчката античка) историја, рече Божњаковски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1