Војин отворено проговори за семејните несогласувања околу тестаментот.
Војин Ражнатовиќ, синот на Аркан од претходниот брак, тврди дека неговата маќеа Цеца заедно со Борислав Пелевиќ и Драган Марковиќ Палма го лажирала татковиот тестамент.
– Тој тестамент е чиста претстава што ја изведе мојата маќеа. Би сакал целиот текст да излезе во јавност и народот да се увреи колку е нереално тоа што тие тројца го направија. На пример во почетокот на тестаментот стои дека татко ми е загрижен за својот живот, што докажува дека сѐ е измислица бидејќи тој никогаш не се плашеше дека ќе загине. Стравот не му беше во карактерот. Не можев да се изборам да го оспорам тестаментот бидејќи Цеца, Палма и Пелевиќ имаат многу врски кај влијателни луѓе. Целиот судски процес беше фарса. Нашиот најстар брат Михаил го натераа да го потпише тестаментот, а тој го немаше ниту прочитано.
Иако многумина велат дека Војин многу потсетува на својот татко Аркан тој вели дека се гордее со него, но сепак повеќе се гордее со својата мајка.
– Таа отсекогаш ме учеше да бидам човек. Таа е мојот херој, изјави Војин.